Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дескоска убедува дека предметите на СЈО ќе имаат завршница

Дескоска убедува дека предметите на СЈО ќе имаат завршница

-Јасно е дека без силно, независно обвинителство попусто говориме за правна држава. Вложувањето во обвинителството е инвестиција во градење правна држава. Но, не само тоа. Обвинителствата создаваат и вредност за државата: ги враќаат украдените пари на граѓаните-кажа министерката за правда Рената Дескоска при  обраќањето на почетокот на твининг-проект за поддршка на Јавното обвинителство.

Таа убедува дека сите предмети на СЈО ќе имаат завршница, но порача и дека без силно, независно обвинителство попусто се говори за правна држава и ги повика пратениците кои треба да гласаат за новиот закон да размислат каде ја гледаат иднината на земјата.

Дескоска посочи и дека носењето на законот веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО и нивниот трансфер во ЈО, но е потребно заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот систем.

-Клучни за градење на правната држава се: добрите закони, вложувањето во обвинителствата, судовите, капацитетите на правосудните органи. Во оваа прилика уште еднаш ги повикувам сите патеници во Собранието да размислат каде ја гледаат иднината на нашата земја. Дали нивните европски аспирации се искрени и дали се подготвени спремни да придонесат за јакнење на правната држава кај нас и да ја дадат поддршката за Законот за Јавното обвинителство-, тврди министерката, додавајќи дека веќе е извесно дека предметите на СЈО ќе продолжат пред судовите.

Слично

Поврзани вести