Дескоска: Тоа што во преговарачкиот тим за СЈО има осомничен говори за нивната позиција
Рената Дескоска, министерката за правда, денеска пред новиот обид да се дојде до договор за судбината на СЈО помеѓу власта и опизицијата истакна дека преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ има легитимно право да го вклучи Антонио Милошоски, иако тој е осомничен во истрагата „Моќник“ на специјалното обвинителство.
Министерката реле дека сепак вклученоста на учесникот во спротивниот табор зборува за „нивната позиција и резервираност“ кон приоѓањето на овој проблем кој треба да се реши на барање на Европската комисија како дел од реформските процеси кои имаат краток рок.
„Секоја пратеничка група и секоја партија си го составува преговарачкиот тим. Нивната оценка кој ќе ги застапува најдобро нивните интереси можете ја видите од составот на тимот и секако тоа праќа порака кои позиции ќе им бидат приоритетни во преговорите, но нивно дискреционо право е да си го состават тимот“, кажа Дескоска.
Денеска започнува нова рунда за преговори, по претходните три неуспени обиди, а за изгласување на законот за јавното обвинителство е потребен консензус и двотретинско мнозинство.
