Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕСКОСКА СЕ ПОФАЛИ: Станала член на Европската Академија на Науките и Уметностите

ДЕСКОСКА СЕ ПОФАЛИ: Станала член на Европската Академија на Науките и Уметностите

Професорката на правниот факултет и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, на нејзиниот фејсбук профил се пофали дека била номинирана и избрана за член на Европската Академија на Науките и Уметностите.

„Кога пред неколку месеци една колешка од Австрија ми предложи да ме номинира за член на Европската Академија на Науките и Уметностите, се прашував дали ќе го поминам процесот на прием имајќи ги во предвид нивните строги критериуми и имајќи ги во предвид имињата на другите членови кои се главно членови на нашата академија. На мое огромно задоволство, вчера постапката за мојот прием во академијата успешно заврши и моето име е вброено меѓу имињата на другите членови. Среќна сум за добиеното меѓународно признание за академска извонредност во областа на уставното право, напиша таа.




Слично

Поврзани вести