Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дескоска: Препорачливо е да се тргне цензусот

Дескоска: Препорачливо е да се тргне цензусот

Рената Дескоска, министерката за правда, денеска изјави дека е препорачливо да се тргне цензусот како критериум во оретседателските избори во Македонија.

- Менувањето на Уставот со цел да се олесни процесот на избор на претседател е нешто што веќе е препорачано и од ОБСЕ односно ОДИХР. Неколку пати е посочено од Венецијанската комисија дека цензусот што постои во Уставот за избор на претседател е нешто што не е соодветно и мора да биде тргнато, истакна таа на новинарско прашање за време на Европската конференција за медијација.

Таа рече дека една од можностите е шефот на државата да се избира со гласови од граѓаните, без разлика колкава ќе биде излезноста, односно да нема цензус од 40 отсто во вториот круг и на тој начин „да не се минираат изборите со бојкотирање, односно апстиненција“.

Втората опција е тој да се избира во Собранието. И во двата случаи потребни се уставни измени.

За претседателските избори да бидат регуларни во вториот круг треба да гласаат 723.253 гласачи.


Слично

Поврзани вести