Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дескоска одговори на кој начин ќе се спроведе референдумот

Дескоска одговори на кој начин ќе се спроведе референдумот

Mинистерката за правда, Рената Дескоска вели дека претстојниот референдум ќе се спроведува по постоечкиот Закон, а по завршувањето на референдумот ќе се донесе сосема нов закон со современи стандарди. 

На гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма, Дескоска рече дека побезболно е сега да не се прават дури ни технички измени на Законот и референдумот да биде спроведен врз основа на постоечкиот закон отколку да се направат измени и да се поттикнат сомневања дека нешто се сака да се подметне.

„Факт е дека законот е застарен, дека е нефункционален и многу прашања ги остава со прашалници, но факт е и дека врз основа на тој закон беа спроведени референдуми како оној во општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар или во неколку други општини за рудниците“- вели Дескоска.

Вели дека  лошо е да се условува изборот на Државната изборна комисија со други прашања бидејќи тоа е комисија која треба да постои имајќи ги предвид нејзините надлежности не само за референдумот, туку и за други прашања како што е она за Избирачкиот список.

Слично

Поврзани вести