Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дескоска: Не сакам да носам маска, но го почитувам законот и носам

Дескоска: Не сакам да носам маска, но го почитувам законот и носам

Доскорешната министерка за правда, Рената Дескоска, објави дека не сака да носи заштитна маска и откри дека на владините седници постојано се спротивставувала на воведувањето на полициски час. 

Поранешната министерка за правда, а претходно и на ресорот образование, откри дека на владините седници уште кога таа била член на Владата се размислувало за задолжително носење на маска на отворено, на што таа се спротивставувала.

„Не сакам да носам маска, но го почитувам законот и НОСАМ МАСКА.

Додека бев дел од Владата постојано се спротивставував на воведувањето на полициски час и на носењето маска на отворено. Бројките на заболени тогаш, не беа како што се сега. Сега ситуацијата е многу посериозна и препораките треба да ги следиме заради личното здравје и колективното добро!

Затоа НОСАМ МАСКА!“, напиша Дескоска.

Професорката по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. се повлече од извршната власт пред актуелната Влада да го добие новиот мандат.

Слично

Поврзани вести