Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дескоска: Најголем проблем ќе биде да се обезбеди двотретинско мнозинство за судбината на СЈО

Дескоска: Најголем проблем ќе биде да се обезбеди двотретинско мнозинство за судбината на СЈО

СЈО и редовното ОЈО ќе се спојат во еден орган, со тоа што првото ќе остане да работи со одредени гаранции на автономија, но најголем проблем за тоа претставува обезбедување на потребното двотретинско мнозинство во Собранието, објави Рената Дескоска, министерката за правда во магазинот „Click Plus“

Ексклузивно откри дека со новите два законски текстови кои веќе се готови, СЈО ќе биде траен орган на Основното Јавно Обвинителство. Најверојатно за негово донесување ќе гласаат истите пратеници кои ги изгласаа и уставните измени, односно тука треба да биде повторно вклучена независната пратеничка група која беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.

- Во моментов изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон и во неговите одредби се содржани одредби кои што  го воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на нивна автономија бидејќи сепак мора да бидеме свесни дека системот кој што остана зад нас, кој што беше повод и причина за формирање на СЈО може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин против тежа на ЈО со цел да може да функционираме како држава која гради владеење на правото, изјави Дескоска во студиото на ТВ21.

Целта е капацитетите кои се вложени, како тренинг, човечките ресурси и истражниот центар да се искористат и понатаму во борбата со евентуалниот криминал во највисоките ешалони. Тоа би била негова примарна надлежност, а истото ќе продолжи да работи тековно и по предметите кои веќе ги има отворено.

Слично

Поврзани вести