Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дескоска гарантира дека Демири и Исмаиловиќ ќе имаат фер судење

Дескоска гарантира дека Демири и Исмаиловиќ ќе имаат фер судење

Министерката за правда, Рената Дескоска, испратила писмо до косовски надлежни органи да ги предадат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ како првообвинети за случајот „Монструм“ со гаранција дека ќе добијат фер-судење.

Ова е второ вакво гарантно писмо, откако првото беше пратено пред пет години кога во Македонија владееше друга гарнитура и истото не беше земено во предвид.

Во писмото се бара обвинетите, кои се товарат дека ги убиле четирите момчиња и рибарот пред шест години кај Смилковското езеро, да бидат вратени во Македонија.


Во писмото, министерката Рената Дескоска гарантира дека двајцата бегалци, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе имаат фер судење независно на која заедница припаѓаат, односно независно што по националност се Албанци.

„Кривичното дело за кое се обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ не е политичко, воено или фискално дело. Слободното изразување на националната припадност, владеењето на право, почитување на општо прифатените норми на меѓународното право се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Сите граѓани пред уставот и законите се еднакви и им е гарантирана заштита на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет“, се вели во писмото.

Како аргументи за Министерството ги наведува извештаите за состојбата со човековите права за 2017 година од Министерството за надворешни работи на САД и извештајот на Европската комисија за Македонија за оваа година.


Слично

Поврзани вести