Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дескоска: Државата ќе ги плаќа комуналните трошоци на факултетите

Дескоска: Државата ќе ги плаќа комуналните трошоци на факултетите

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска,во интервју за РСЕ најави дека државата ќе ги плаќа комуналните трошоци на сите факултети, за да нема проблеми со греењето како досега.

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска тврди дека одредени амандмани на опозицијата се технички неисправни, нерабирливи и неприменливи во новиот закон што се подготвува за образованието.

– Бараат еднојазичен печат, а законот кој тие го донеле е истиот да биде двојазичен. Опозицијата бара деканот да не може да распишува студентски избори, а вие знаете што се случи пред некоја година, па така ако нема легитимни пртетставници на студентите, не можат да се решаваат пробелемите. Со тоа, деканот мора да ги распише изборите за тие де бидат легитимни – вели Дескоска.

Поради долговите, Дескоска ја стави под знак прашалник и изградбата на студентскиот град, што беше ветен од актуелната влада, а засега се планира само реновирање на студентскиот дом „Стив Наумов" и завршување на реновирањето на крилото во „Гоце Делчев".

Платите за просветните работници засега ќе останат исти. Професорите и нивните соработници ќе чекаат прво да се пополни буџетската дупка од 5 милиони евра.


Слично

Поврзани вести