Дескоска: Цензусот е уставна категорија и не може да се менува
Министерката за правда Рената Дескоска во своето обраќање на Охридската школа на природното право истакна дека со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија.
Референдумот се смета за успешен и одлуката е задолжителна доколку за тоа се изјаснат мнозинството од избирачите кои гласале, односно повеќе од половината од вкупниот број избирачи.
Во тој контекст, министерката Дескоска појасни: „Како правник и сега како министер слушам различни прашања деновиве за тоа дали можеме со Законот за референдум да го менуваме цензусот за референдумот. Не може затоа што цензусот е уставна категорија. Ако се залагаме за владеење на право и за почитување на Уставот, не можеме да менуваме нешто што е изречно уставно загарантирано“.
