Дескоска: Би била одлична вест доколку Уставниот суд го поништи новото упатство
Со свој пост на Фејсбук денеска се огалси поранешната министерка за правда Рената Дескоска која укажа дека е добра вест одлуката на Уставен суд да почне постапка, а законот е испочитуван бидејќи тој предвидува националност во матичните книги, а не во изводот. Изводот не мора да ги содржи сите податоци од матичната книга, објави Дескоска, откако Уставниот суд одлучи да го преиспитува новото Упатство за матични книги.
- Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас. Според уставните одредби, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон. Уште помалку со упатство. Значи нашиот устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава - посочува Дескоска.
Поранешнта министерка и професорак Дескоска исту така укажува дека по нејзино мислење добра вест е што Уставниот суд ќе го искористат судскиот активизам и ќе покренат постапка за оцена на уставноста на упатството.
- Би била одлична вест, доколку како епилог на таа постапка, Уставниот суд го поништи новото упатство, а го укине спорниот дел од законот, повикувајќи се на меѓународните акти кои ги имаме потпишано и ратификувано - заклучува Дескоската.
Целиот нејзин напис видете го на Фејсбук:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
