Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир
Десетмесечно бебе без знаци на живот било донесено вчера доцна попладне во Поликлиниката Чаир во Скопје, објави МВР.
„На 06.12.2024 околу 16.45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот, било донесено десетмесечно бебе.
Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено за обдукција“, информира полицијата.
Слично
