Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десетина македонски затвореници гледаа театарска претстава

Десетина македонски затвореници гледаа театарска претстава

Десетина примерни осуденици од затворот „Скопје“ гледаа театарска претстава, комедијата „Нешто пропуштаме“, во Театар „Комедија“. Од Министерството за култура за „Макфакс“ велат дека оваа акција е дел од активностите за ресоцијализација и едукација на затворениците.

Целта е да се следат препораките на Комитетот за спречување тортура на Советот на Европа, кои со години укажуваат на отсуство на какви било активности за едукација и ресоцијализација на осудениците во македонските затвори. Соработката предвидува посети на културно-уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, работилници и настани со осудениците и со гости уметници.


Слично

Поврзани вести