Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕСЕТ УЧИЛИШТА, МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ, ХОТЕЛИ... МВР ја потврди дојавата за закани за бомби во 16 објекти

ДЕСЕТ УЧИЛИШТА, МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ, ХОТЕЛИ... МВР ја потврди дојавата за закани за бомби во 16 објекти

Денеска продолжуваат дојавите за бомби во земјава и повторно меѓу заканите се најдоа и најмладите. Нови дојави за поставени бомби има во основни и средни училишта во главниот град и во Битола. 

Од МВР потврдуваат дека денеска имало нови дојави како во училишта, така и во трговски центри и други институции...

- До сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сакал Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициските службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - соопштуваат од МВР.

Фактор веќе објави дека денеска беше испратена закана до хотелот Александар Палас каде беше закажана голема конференција на која требаше да се обрати и премиерот. 

Но и дека дојави се испратени и на аеродром, фудбалска федерација...

Фото: ФАКТОР

Слично

Поврзани вести