Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕСЕТ ЛУЃЕ ПОЧИНАА: Во Македонија има нови 137 позитивни

ДЕСЕТ ЛУЃЕ ПОЧИНАА: Во Македонија има нови 137 позитивни

За 24 часа се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19. 

Најголем дел од нив се во главниот град, објави Министерството за здравство.  Во Скопје има 64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4 нови заразени.

нститутот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години. Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81-годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 275
•       Аеродром - 200
•       Бутел - 140
•       Гази Баба - 206
•       Центар – 162
•       Карпош – 174
•       Сарај – 115
•       Кисела Вода – 158
•       Ѓорче Петров – 120
•       Студеничани – 109
•       Шуто Оризари – 105
•       Арачиново – 33
•       Илинден – 25
•       Петровец – 22
•       Чучер Сандево – 11
•       Сопиште – 20
•       Зелениково- 13
•       Странец – 7
•       Нераспределен- 14

Слично

Поврзани вести