Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дервишова-Чолакова се налути по веста на Филипче: Никој не ни кажа дека вакцините ќе ги закажуваме преку „Мој Термин“

Дервишова-Чолакова се налути по веста на Филипче: Никој не ни кажа дека вакцините ќе ги закажуваме преку „Мој Термин“

Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ), веднаш остро реагираше на денешната прес-конференција на која министерот за здравство Вено Филипче објави дека кај амтичните лекари преку „Мој Термин“ ќе се закажува вакцинирањето против Ковид-19.

- Ова е активност за вакцинирање, треба да се превземе кај оние вакцинални пунктови. Матичниот доктор повеќе не може да издржи дополнителни обврски, вели Чолакова-Дервишова во вестите на Телма.

Секој граѓанин може да се пријави за вакцинација.Податокот кој ќе се внесе во електронската пријава автоматски ќе дојде кај матичниот лекар.Воедно  граѓаните  ќе имаат можност и за откажување на прегледот и повторно закажување.

-Матичните лекари ќе закажуваат вакцинирање против ковид-19 преку Мој термин, а идната недела ќе биде објавена веб-страница на која граѓаните ќе може електронски да се пријавуваат со цел да им се олесни на матичните лекари, рече д-р Жаклина Чагоровска .

- Ние не сме центри на вакцинација. Имаме огромен број на обврски, прегледи, ѕвонења, печатење документи. Гневот на крај секогаш завршува кај нас. Ние треба да советуваме и да ја подигнуваме свеста. Имаме огромен број на други заболувања, не е само коронавиурсот, вели претседателката на ЗПЛРМ.

Таа додава дека здружението не било консултирано од никого пред денеска веста да ја објави Филипче. 

- За се, ако сме партнери како трилатерала, треба да се договараме за нештата. Културно е некој да не праша дали можеме да прифатиме дополнителни обврски, смета Чолакова-Дервишова.


Слично

Поврзани вести