Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дерковски за Фактор: Нема „предмет“ во ДИК, чекаме информации за хакерскиот напад

Дерковски за Фактор: Нема „предмет“ во ДИК, чекаме информации за хакерскиот напад

Се уште нема никаква информација за тоа кој го извршил хакерскиот напад на интернет страницата на Државната изборна комисија на денот на изборите и кој бил мотивот. Министерството за внатрешни работи го истражува случајот, а претседателот на ДИК Оливер Дерковски за Фактор вели дека го очекува известувањето. Полицијата требало да извести за сите детали по сознанијата до кои ќе дојде. Во меѓувреме Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори предистрага за набавката на софтверот преку кој ДИК ги собираше и требаше да овозможи следење на изборните резултати. Дерковски вели дека сите документи им биле дадени и останува на ставот дека се е чисто.

„При претресот им се дадени документите за договорот со операторот за софтверот и купените три телевизори за кои се интересираа, а за кои имале дојава дека сме си ги купиле за дома. Ние ги купивме за преку нив да се следат резултатите особено за новинарите. Во постапките е се чисто. Софтверот работеше, но останатото и нападот не е во наш домен, вели Дерковски за Фактор.

Обвинителството ја отвори истрагата по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.

Сепак на избрниот ден не беше хакиран софтверот кој го инсталирала Дуна туку интернет страницата на ДИК. 

Од Дуна за Фактор тврдеа дека нивната апликација функционирала цело време.


Слично

Поврзани вести