Дерковски: Ќе ги исклучиме телефоните кога ќе бидат изборите
Оливер Дековски, претседателот на ДИК, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека членовите на изборната комисија се договориле меѓусебно на денот на претседателските избори и на тој по него да ги исклучат мобилните телефони.
Ваква неформална одлука била донесена поради професионални принципи поучени од искуствата со претходните избори во Македонија.
- Ова го одлучивме за да не дозволиме да има ургенции. Знаеме дека порано се јавувале од секаде кај поединци и имало поплаки со сугестии за повреда на избирачкото право. Вака, се договоривме да ги оставиме мобилните телефони и кога ќе бидат изборите да ги оставиме мобилните за да не дозволиме притисоци и влијанија - рече Дерковски.
Комисијата треба да се остави на мир да си ја работи својата работа и работата да се одвива институционално, а не со телефонски јавувања.
Сепак, Дерковски рече дека ќе мора да се јавува кога ќе треба да дава професионални одговори, а не за да му кажуваат што да прави.
Ваквото решение во ДИК доаѓа по пресудите за случајот на СЈО познат како „Титаник 2“ во кој поранешни членови на ДИК со првостепена одлука на судот добија затворски казни поради прегласување на локалните избори 2013 во Струмица.
Тој наведе дека Државната изборна комисија направила симулација и пресметала дека за едно гласање се потребни 90 секунди и се што би било помалку од тоа би било сомнително.
Ова Дерковски го кажа откако откри дека јавен обвинител се јавил во ДИК за да праша колкаво време е потребно за да се гласа на еден гласачки параван, откако опозицијата се пожаи дека за време на ланскиот референдум имало места каде што во една кутија се полнеле ливчиња на само неколку изминати секунди.
