Дерковски: Јас сум сигурен во она што го работев два дена и две ноќи
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски вечера во интервју на ТВ Алфа изјави дека дали ќе има рачно пребројување на гласовите како што бараше ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи комисијата.
За критиките во јавноста вели дека работи според законите.
„Јас сум сигурен во она што го работев два дена и два ноќи, и сум сигурен дека добро е сработено“, рече тој.
Вели дека хакерскиот напад се случи кога почнаа да се објавуваат резултатите од избирачките места. Се надева дека деновиве ќе добијат некој извештај од полицијата.
Дерковски вели дека сака да знае од каде доаѓа нападот, за да размислуваат за посериозна заштита за понатаму.
Лажна вест биле податоците дека во Ново Село победила Алијансата на Албанците.
Слично
