ДЕРКОВСКИ: ИМАШЕ ОБИД ЗА НАДВОРЕШЕН НАПАД - затоа затаи сајтот на ДИК
СДСМ има 36,86, ВМРО-ДПМНЕ има 35,96, соопшти Државната изборна комисија.
Ова се последните резултати што ги соопшти ДИК од обработени 70 отсто од избирачките места.
Но, тие податоци не се објавуваа, бидејќи, како што рече претседателот на ДИК; Оливер Дерковски, имале прекин во јавниот пренос на податоците. Причина, според него, е што ДИК имала надворешен напад, но повеќе не сака да шпекулира.
Дерковски се извини поради прекинот во јавниот пренос на податоците.
„Имавме проблеми со јавната објава. Сега тој проблем е премостен, а може и преку нашиот јутјуб канал.
Се надевам дека до крајо на вечерта ќе нема проблеми.
Се работи за обид за надворешен напад, не сум ИТ експерт, додека не се потврди, не шпекулирам, ќе видиме за што се работи“, рече Дерковски.
Обработени 70 отсто од избирачките места.
„Не би шпекулиратл за резултатите, има мртва трка. До крај на вечерта првични неофицијални резултати ќе има“, рече Дерковски.
