Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дерковски: 500.000 евра за 1.782 гласачи, од кои нема да гласаат сите

Дерковски: 500.000 евра за 1.782 гласачи, од кои нема да гласаат сите

Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија, денеска на конферецијата „Какви избори, таква иднина“, која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, порача дека постоечкиот Изборен законик одамна го надминал своето време и треба да се донесе нов.

Како еден од најгорливите проблеми, Деркоски го посочи и проблемот со гласачите од дијаспората.

„За овие избори ќе се потрошат речиси 30 милиони денари за 1.782 лица, коишто се пријавиле да гласаат во дијаспората, а од искуство, веројатно нема да гласаат сите. Ова ќе биде најскапиот глас, од дијаспората. И ова наметнува една дилема којашто мора да ја разрешиме во идниот период. Јас не сум за тоа да им се одземе, еднаш веќе даденото право, на нашите граѓани. Но, постојат и други проблеми, како невозможноста да се лоцира бројката на граѓани во дијаспората, затоа што никој од нашите граѓани кога ја напушта државата, не го пријавува своето отсуство од државата повеќе од една година“, вели Дерковски.

Според првиот човек на ДИК, тоа е проблем којшто дополнително го оптеретува системот и организацијата на изборите, но и дека има решенија.

„Меѓутоа, постојат многу начини на коишто може да се промени модалитетот и начинот на гласање на тие луѓе, со цел да им овозможиме учество на тие граѓани во нашите политички процеси и да им овозможиме да гласаат“, рече Деркоски.


Слично

Поврзани вести