Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деркоски: Се надевам дека нема да има притисоци над ДИК

Деркоски: Се надевам дека нема да има притисоци над ДИК

Новоизбраниот претседател на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Деркоски, во своите денешни изјави за „Сител“ истакна дека „идеален референдум во Македонија е оној кој ќе обезбеди цензус, односно излезеност од 50 отсто од гласачкото тело плус еден“.

- Според законот, најдобар референдум би бил тој на кој ќе има „половина плус еден“ излезеност и на истиот да се испочитува одлуката на мнозинството - вели Деркоски.

Комисијата треба да го организира најавениот референдум за прифаќање на договорот помеѓу Македонија и Грција од Преспа и одблокирање на интеграциите во НАТО и ЕУ.

Деркоски побара да нема политичко влијание и притисоци врз ДИК и да му се овозможи на телото да работи независно.

- Технички ние ќе си ја завршиме нашата работа, а останатото е на законите и поитичарите. Секој граѓанин со македонско државјанство има право да гаса, а ние имаме обврска да го ажурираме гласачкиот список за да нема забуни - вели Деркоски за „Сител“.

Слично

Поврзани вести