Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деребан: Косово не знае каде е Груби, не сме контактирале со нив

Деребан: Косово не знае каде е Груби, не сме контактирале со нив

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, во емисија на Алсат ТВ рече дека прво треба да се потврди дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се бара со потерница, е на Косово, па дури потоа да се побара негова екстрадиција.

Тој вели дека директните контакти со институциите во Косово за приведување и екстрадиција на Артан Груби и поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами ќе се спроведат во моментот кога ќе се докаже дека тие се таму. 

Деребан не може да потврди дали Косово е крајната дестинација на Груби, но смета дека бегањето на поранешниотфункционер на ДУИ, кој претходно се најде на „црната листа“ на САД за сомневање за сторено друго дело, непосредно пред обвинението за случајот „Лотарија“ не е пропуст на државните институции, туку на поединци, кои, според него, ќе сносат одговорност.

„Ја следиме целата ситуација и во контакт сме со сите надлежни органи и сите кои можат да помогнат во спроведувањето на процедурите“, изјави Деребан.

Заменик-министерот додаде дека ќе биде направен контакт со соодветните институции на Косово.

„Во контакт сме со сите со кои треба да соработуваме. Ќе оствариме официјални контакти со министерството на таа земја каде ќе добиеме информација дека е лоцирано или приведено лицето по кое е распишана меѓународна потерница.

Доколку се докаже дека е на Косово или ако добиеме информација дека е приведен на Косово, нормално ќе започнеме постапка за екстрадиција“, рече Деребан.


Слично

Поврзани вести