ДЕРАТИЗАЦИЈА МУ Е МАЈКАТА: Глувци во училиште во Бутел, министерката им го кажа решението на проблемот
Глувци се пронајдени во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел.
Загрижените родители заедно со своите деца вчера излегоа на протест, барајќи итна реакција од надлежните институции.
„Децата не следат настава, нормално дека бевме загрижени, бараме да се исчисти и дезинфицира. Доколку се направи дезинфекција, за безбедност на децата бараме да се исчисти училиштето“, порача тој во изјавата дадена за ТВ 21.
Денес се огласи министерката за образование, Весна Јаневска. Таа вели дека решението е дератизација.Мерката е многу едноставна и се вика дератизација, рече министерката Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел и вознемирените родители кои поради проблемот не ги пуштаат децата на настава.
Одговарајќи на новинарски прашања денеска Јаневска рече дека ќе биде контактирана директорката на училиштето во врска со тоа што е преземено за да се надмине проблемот, а на реакција од медиумите дека директорката на „Панајот Гиновски“ не соработува со новинари, ниту со совет на родители и општината, министерката порача дека обврска на сите директори е да си ја извршуваат функцијата за која се поставени.
- Јас предлагам една многу едноставна мерка која се вика дератизација, а потоа и еколошка акција во училиштето. Веќе ја примивме информацијата, пред се од медиумите, ја следиме состојбата и преземеме соодветни чекори понатаму. Соработката е неопходна со сите институции со кои училиштето е поврзано. Директорите се поставени за да ја организираат наставата, но и сите други активности на училиштата, рече Јаневска.
