Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕПОЗИТИ: Рекордно штедење од 4,4 милијарди евра!

ДЕПОЗИТИ: Рекордно штедење од 4,4 милијарди евра!
Само за еден месец, од јули до крајот на август вкупната депозитна база во банките е зголемена за скоро 85 милиони евра. Според најновите податоци од Народната Банка, во август салдото на штедните влогови изнесувало 4,4 милијарди евра и се смета за рекордно највисоко ниво. Во јули, вредноста на вкупната депозитина база изнесувала 4,3 милијади евра. Депозитна база август 4 434 048 000 јули 4 339 656 000 Во осмиот месец од годинава е забележан значаен раст на депозитите на фирмите, чие салдо достигна 976 милиони евра, зголемено за 60 милиони евра во однос на јули. Дел од банакрите коментираат дека овој пораст на депозитите на фирмите е значаен и уапатува на зголемена ликвидност, најверојатно како резултат на исплати по основ на поврат на ддв и други договори кон приватниот сектор. Во исто време, во август има раст и на депозитите на граѓаните. Така , на штедните книшки тие чувале скоро 3,2 милијарди евра. Депозити на население 3 194 113 821 Депозити на приватен сектор 976 731 707 Според податоците, и натаму во валутната структура на депозитите доминираат оние во денари. На крајот од август, во банките лежеле 2,5 милијарди евра, денарски штедни влогови и 1,8 милијади евра, девизни штедни влогови. Д.А.

Само за еден месец, од јули до карајот на август вкупната депозитна база во банките е зголемена за скоро 85 милиони евра. Според најновите податоци од Народната Банка, во август салдото на штедните влогови изнесувало 4,4 милијарди евра и се смета за рекордно највисоко ниво. Во јули, вредноста на вкупната депозитина база изнесувала 4,3 милијади евра.

Депозитна база

август 4 434 048 000

јули 4 339 656 000

Во осмиот месец од годинава е забалежан значаен раст на депозитите на фирмите, чие садо достигна 976 милиони евра, зголемено за 60 милиони евра во однос на јули. Дел од банакрите коментираат дека овој пораст на депозитите на фирмите е значаен и уапатува на зголемена ликвидност, најверојатно како резултат на исплати по основ на поврат на ддв и други договори кон приватниот сектор.

Во исто време, во август има раст и на депозитите на граѓаните. Така , на штедните книшки тие чувале скоро 3,2 милијарди евра.

Депозити на население 3 194 113 821

Депозити на приватен сектор 976 731 707

Според податоците, и натаму во валутната структура на депозитите доминаираат оние во денари. На крајот од август , во банките лежеле 2,5 милиајрди евра, денарски штедни влогови и 1,8 милијади евра, девизни штедни влогови.

Слично

Поврзани вести