Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕПОЗИТИ: Граѓаните и фирмите чуваат 4,5 милијарди евра!

ДЕПОЗИТИ: Граѓаните и фирмите чуваат 4,5 милијарди евра!

Во октомври салдото на депозити во банките достигна скоро 4,5 милијарди евра, со што се искачи на досега највисоко рекордно ниво. Новите податоци на Народната банка покажуваат дека во октомври во однос на септември е регистриран раст кај штедењето во евра кое достигна речси 2,6 милијарди евра и на кое отпаѓаат две третини од вкупните штедни влогови.

Кај штедењето во девизи е регистриран октомвриски пад. Имено, во десеттиот месец од годинава, салдото на девизните депозитите изнесувало 1,8 милијарди евра и во однос на септември е намалено за 9,5 милиони евра.

Во октомври, според податоците на НБРМ повторно се забележува тренд на одлив, односно намалување на депозитите на фирмите. Така, салдото изнесувало 990 милиони евра и во однос на септември е намалено за 4,5 милиони евра.

Граѓаните во банките, заклучно со октомври чувале 3,2 милиони евра.

Во октомври во соредба со јануари, односно за десет месеци вкупната депозитна база во банките е зголемена за 265 милиони евра.

Д.Д.
Слично

Поврзани вести