Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деновиве врнежи од дожд и постудено време

Деновиве врнежи од дожд и постудено време

Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. 

Ќе дува слаб јужен ветер, а кон крајот на денот ќе имаме повремени врнежи од дожд претежно во северните и источните делови од земјата.

Дневната температура ќе се движи од 17 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Дневната температура во главниот град ќе биде до 18 степени.

Утре преку ноќта и во петок претпладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет. 

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. 

Од петок попладне следува период на стабилно и суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула. 



Слично

Поврзани вести