Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деновиве температури и под нулата

Деновиве температури и под нулата

Денеска и во почетокот на новата  работната недела облачноста ќе се намалува, а утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата. 

Дневните температури од денеска  ќе бидат во постепен пораст и ќе го надминат дваесетиот степен, особено во југоисточните делови од земјава.

Денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Температурите минимални ќе се движат од -3 до 4, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 15 до 22 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 2 до 20 степени. 

Слично

Поврзани вести