Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деновиве стартува зимското сметање на времето

Деновиве стартува зимското сметање  на времето

Деновиве ќе почне зимското сметање  на времето.

Летното сметање на времето се завршува на 25 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. 

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во Африка.

Слично

Поврзани вести