Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деновиве огласи за вработувања во новата агенција

Деновиве огласи за вработувања во новата агенција

Огласот за вработување во Агенцијата за спроведување на употребата на албанскиот јазик се очекува да бидат отворен во наредните денови, додека тимот на ова тело треба да се состои од вкупно 74 лица. 

Директорот на оваа Агенција, Илбер Села, за Алсат вели дека годишниот буџет ќе биде 8 милиони и 425 илјади денари и според него овој буџет не е доволен за задоволување на сите потреби на Агенцијата. Горенаведениот буџет исто така е предвиден за внатрешно уредување на просториите во кои Агенцијата е веќе вселена.

Изборот на тимот ќе биде направен од комисија која ќе биде составена од професионалци од сферата. Тимот на преведувачи и предавачи ќе се состои од дипломирани студенти на Тетовскиот универзитет и Кирил и Методиј, но и пензионирани лингвисти. Села објаснува дека Агенцијата нема да биде централна институција за преведување, туку институција која ќе им помага на други институции.


Слично

Поврзани вести