Деновиве ќе се одлучува повторно дали ќе бидат прифатени 11-те милиони евра на Мијалков како гаранција
Следниот период од неколку дена Апелација треба да одлучи дали поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ќе остане во притвор или ќе му ја прифати гаранцијата од 10,8 милиони евра за да се брани од слобода, објави „Фокус“.
Кривичниот суд неодамна реши да ја одбие гаранцијата и покрај позитивното мислење од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а сега на потег е второстепениот суд шп шпднесената жалба на одбраната на поранешниот разузнавач.
Од Апелација потврдиле дека предметот го добиле во вторникот, по што го пратиле во Вишото обвинителство и дека сега предметот е во рацете на второстепениот суд, кој треба да пресече дали Мијалков ќе остане и понатаму во притвор или ќе му ја прифатат понудената гаранција и тој ќе се брани од слобода.
