Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деновиве ќе имаме пролет во февруари

Деновиве ќе имаме пролет во февруари

Денеска ќе имаме потопло утро со повисоки утрински температури во однос на вчерашните, кои се движат од -4 до 4 степени. 

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и надпросечно топло за овој период од годината. Ќе дува доумерен југозападен и западен ветер, а во централните и источните предели слаб северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 9 до 18 степени. 

Во четврток во Македонија ќе имаме сончево и топло време со дневни температури од 10 до 19 степени. Во петок во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне ќе следи зголемување на облачноста и умерено облачно време со сончеви периоди, со максимални температури од 10 до 19 степени. Во сабота умерено облачно време со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат и дневни температури кои ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 6 до 15 степени. Во недела се очекува посвежо утро со утрински температури од -3 до 4 степени, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и температури од 4 до 13 степени.

Слично

Поврзани вести