Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНОВИВЕ ЌЕ ИМА ИЗВЕШТАЈ: Ќе се утврди дали имало пропуст во Куманово

ДЕНОВИВЕ ЌЕ ИМА ИЗВЕШТАЈ: Ќе се утврди дали имало пропуст во Куманово

За ден - два ќе има извештај за да се утврди одговорност за прес - конференцијата која се одржа во Куманово, каде градоначалникот Максим Димитриевски се обрати заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче, иако тој бил тестиран, а се покажа и дека е позитивен. 

Спасовски и Филипче рекоа дека ќе почекаат и не сакаат да шпекулираат.

По оваа прес-конференција, Спасовски, Филипче и вицепремиерот Бујар Османи завршија во изолација.

Сега се спори кој ја организирал прес-конференцијата, општината или Владата. 

Немаме информација за заразени од ИВЗ и МПЦ, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Тој рече дека биле тестирани лица од Бигорскиот манастир, но тоа било уште на почетокот на кризата, и тие се негативни.

Слично

Поврзани вести