Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деновите постепено ќе се продолжуваат: Вечерва настапува зимата, а еве точно кога

Деновите постепено ќе се продолжуваат: Вечерва настапува зимата, а еве точно кога

Зимата е најстуденото годишно време кое започнува на 21 декември и завршува на 21 март

Зимата заоѓа вечерва во 22:47 часот. Во исто време, летото започнува за жителите на јужната хемисфера на Земјата. Зимата доаѓа во моментот кога Сонцето е точно над тропскиот дел на другата хемисфера.

Тогаш денот е најкраток и се нарекува зимска краткоденица, додека ноќта е најдолга, а кругот околу Арктикот е во темнина 24 часа. Одредена хемисфера на Земјата (северна или јужна) е најмалку изложена на сончевите зраци, без оглед на оддалеченоста од Сонцето.

Од вечерва деновите постепено ќе се продолжуваат и до крајот на годината денот ќе биде подолг за три до четири минути. Зимата е најстуденото годипно време кое започнува на 21 декември, а завршува на 21 март, во која деновите се пократки од ноќите, а природата „спие“ во согласност со ниските температури.


foto: freepik

Слично

Поврзани вести