Денков потврдува дека ако нема уставни измени, ветото останува
Ако нема уставни измени во Македонија, бугарското вето останува.
„Бугарската влада нема причина да го смени ставот кон Северна Македонија, а очекуваме да си ги исполни обврките кон Европската унија“, вели бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“.
Вели дека сега разговорите се меѓу ЕУ и Македонија.
„Со реализацијата на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Тоа што се очекува е да си ги исполнат обврските пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција“, истакна Денков.
Во Македонија опозицијата е против внесување на Бугарите во Уставот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Политика вели дека нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот.
фото принтскрин