Денко Малески: Му благодарам на Али Ахмети, идејата му е одлична
Денко Малески му се заблагодари на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во поддршката што му ја даде како моженн претседателски кандидат на лседните избори во мај и за залагањето Македонија да ја претставува консензуален претседател
Универзитетскиот професор за „Журнал“ изјави дека јавната поддршка на Али Ахмети претставува чест за него и дека е многу благодарен, бидејќи таа иницијатива ќе помогне на повисоко ниво да се направи помирување на поделените страни во општеството.
Потенцијалниот кандидат смета на поддршка и од другите партии, а не само од Ахмети. Вели дека неговиот профил соодветствува на времето и ситуацијата над која треба Македонија да се издигне.
- Треба да се види колку ќе биде поддржана од другите партии. Македонија се наоѓа пред многу деликатни и важни одлуки во врска со членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. Според тоа, потребен ни е степен на обединување што ни недостига. Како во реалноста ќе помине оваа идеја, останува да се види. Јас лично никогаш не сум се сретнал ниту сум разговарал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, така што сега за сега тоа е нивна идеја и треба да се види како ќе биде прифатена – изјави Малески за порталот Журнал.
Слично
