Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНИС КОСМОНАУТКО И ОФИЦИЈАЛНО ИМА НОВА ПАСИЈА- настапи со популарните Дац и Александар

ДЕНИС КОСМОНАУТКО И ОФИЦИЈАЛНО ИМА НОВА ПАСИЈА- настапи со популарните Дац и Александар

Популарниот здравствен работник, Денис Јанкуловски, познат и како Космонаутко, кој неуморно на терен собира брисеви од граѓаните за да се тестираат дали се позитивни на ковид, а еден период беше вклучен и во масовната имунизација во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, сега и официјално има нова пасија, пеењето. Тој имаше официјален настап пред публика во живо, и тоа ни помалку ни повеќе, туку со популарните Дац и Александар. 

Инаку, како што е познато, Денис Јанкуловски секое утро своите пријатели и следачи на социјалната мрежа фејсбук ги забавува со свои изведби од познати песни и рефрени, што со текот на времето стана и негов своевиден заштитен знак. 

„Е не можеше поубав завршеток на јубилејната петстотка. На покана на моите ми драги пријатели, другари Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski синоќа бев дел од карпошовото #coolтурнолето

Настапив, еј. На сцена, со микрофон пеев. Брејјјјј. Толку, штом првиот пат го поминав сега е многу полесно, тезги од следниот викенд. Одлична атмосфера а и каква може да биде кога се двајцава во прашање, нели. Ми беше чест и задоволство момци, благодарам на поканата и можноста да бидам на сцена со вас. Гуш и бац од Космонаутко Певаљко“, напиша на фејсбук Денис Јанкуловски Космонаутко. 

Слично

Поврзани вести