Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денис Јанкуловски - Космонаутко: Голем број на тестирања има поради одморите, свадбите и студентите

Денис Јанкуловски - Космонаутко: Голем број на тестирања има поради одморите, свадбите и студентите

Најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски -Космонаутко, кој стана популарен по теренска работа со брисеви и аплицирањето на вакцини за време на пандемијата, вели дека големиот број на тестирања во изминатиот период се должи на повеќе фактори.

Изминатите денови имаше повеќе од 6.000 тестирања дневно во ковид-билансите, а во одреден момент беа и преку 8.000. Јанкуловски вели дека тоа се должи на одморите, свадбите и на враќањето на студентите кои студираат во странство.

- Веројатно е дека е комбинација од повече моменти. Има многу што одеа и се вратија од одмор, секаде има присутен вирус, така да секаде може да се заболи. Сите прослави од една страна државата во еден момент ги дозволи, иако препорачувавме барем тоа да биде во некоја рамка да не избегаат од контрола, а сепак избегаа од контрола. Тука се и оние кои им треба тест за патување, најмногу на струденти во земји кои бараат ПЦР тестови. Може да се вметнат и оние кои им требаат некои иинтервенции, како што се операции, вели Јанкуловски во вестите на ТВ24.

Тој забележува дека има поголем број на тестирања кај младите, кои според популарниот „Космонаутко“ тие сепак ја поминуваат во полесна форма дури и онаа на делта сојот. Јанкуловски смета дека кампањата за вакцинирање требало да започне порано, но и вака е добредојдена.

- Кампања во која ќе има подобро објаснување да разбере зошто треба вакцината да се прими требаше да биде многу порано, иако имаше фактори што влијаеа како што беше немањето на вакцини. Сепак никогаш не е доцна. Има луѓе кои не се против вакцинирање но им треба малку подетални информации. Затоа мислам дека ќе се вакцинираат пред се од здравствени причини. Не да се вакцинираат за да влезат во кафана или за да одат на кино, додава медицинскиот техничар.


Слично

Поврзани вести