Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска започнува гласањето за предвремените парламентарни избори во Македонија: Први честа ја имаат болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација

Денеска започнува гласањето за предвремените парламентарни избори во Македонија: Први честа ја имаат болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација

Честа први да го исполнат своето граѓанско право да гласаат на предвремените парламентарни избори денеска ја имаат лицата кои се позитивни на Ковид-19 и оние кои се во задолжителна самоизолација. Посебните избирачки одбори ќе го спроведат денешното гласање во 57 од вкупно 80 општини во земјата. 

Како што претходно соопшти Државната изборна комисија, општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од оваа група на граѓани. Утре редот им е на болните и изнемоштени лица, а официјално предвремените парламентарни избори ќе се одржат в среда на 15 јули за кога е прогласен и неработен ден.

За утрешното гласање прифатени се барањата на 8.852 лица за гласање во сопствениот дом. Тоа е далеку поголема бројка од минатите избори во 2016 кога пријавени за гласање биле само 3.540 болни и немоќни лица.

На 15 јули пак  ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата. а 1.814.263 лица ќе може да го дадат својот глас за 1.578 кандидати на 15 партии и коалиции.  


Слично

Поврзани вести