Денеска за прв пат се одбележува празник прогласен од Владата
Денеска за прв пат се одбележува празникот % мај - Денот на македонскиот јазик, кој Владата на Република Северна Македонија на неодамнешната 130-тата седница го прогласи за празник од работен карактер.
На 5 мај во 1945 година е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци е озаконет првиот правопис. Со Решение на АСНОМ од втори август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик бил заведен како службен јазик на македонската држава.
Македонскиот јазик станал официјален јазик на Социјалистичка Република Македонија во 1944.
Слично
