Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска во судница за прв пат се читаат транскрипти за „Монструм“

Денеска во судница за прв пат се читаат транскрипти за „Монструм“

На денешното рочиште за „Монструм“, чиј застапник на обвинението е Фатиме Фетаи од СЈО, треба да бидат презентирани транскриптите кои се воедно и новите докази за убиството кај Смилковското езеро.

Необјавените ,,бомби” за случајот ,,Монструм” содржат разговори, СМС пораки и за нив се изработени транскрипти на македонски и на албански јазик.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаќи Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, и случајот го презеде СЈО и е вратен на повторно судење.

Судијата Огнен Ставрев денеска рече дека обвинители за овој предмет и натаму се Фетаи и Гаврил Бубевски од СЈО, бидејќи не добил известување дека овој случај се враќа кај редовното јавно обвинителство предводено од Љубомир Јовески.


Слично

Поврзани вести