Денеска уште една земја „не прифаќа“ како НАТО-членка
Парламентот на Црна Гора денеска треба да го ратификува Протоколот за пристап на Македонија како 30-та земја-членка на НАТО.
Со тоа покрај последниот член на Алијансата, овој документ во своите законодавни домови го имаат изгласано уште Грција, Словенија, Албанија и Бугарија.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува како гостина во Собранието на Црна Гора, како што беше случајот во словенечкиот, албанскиот и бугарскиот.
Во рамките на посетата Џафери ќе има и билатерална средба со неговиот домаќин претседателот на Собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ.
Слично
