Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска топло - какви температури се очекуваат?

Денеска топло - какви температури се очекуваат?

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се искачи  до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. 

Сончевото време ќе продолжи сѐ до викендот, а во сабота ќе настапи зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд кои се очекуваат и во недела кога дневните температури ќе бележат опаѓање.

Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден. Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст.

Слично

Поврзани вести