Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска сончево со мала облачност, од вторник благо зголемување на температурите

Денеска сончево со мала облачност, од вторник благо зголемување на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Попладне, ќе има услови за локален слаб дожд во планинските региони.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени целзиусови, додека попладневните температури ќе се движат од 22 до 32 степени. Најтопол ќе биде дојранскиот регион, со утринска температура од 17 степени и дневна од 32 степени.

Слично

Поврзани вести