Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕСКА СОНЧЕВО И ТОПЛО, СЛЕДУВА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН - еве какво ќе биде времето за празникот и викендот

ДЕНЕСКА СОНЧЕВО И ТОПЛО, СЛЕДУВА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН - еве какво ќе биде времето за празникот и викендот

Пред нас е убав сончев ден со повисоки дневни температури од вчерашните. 

Како што јавуваат синоптичарите не очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 17 степени, додека дневните од 27 до 35 степени. 

Во Скопје се очекува сончево време со максимална температура до 33 степени. 

Во наредните денови се очекува уште потопло време, со температури кои ќе надминат 35 степени. 

За време на празничниот ден ќе биде сончево и топло, при што утринските температури ќе се движат од 7 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 37 степени. 

Топло и сончево ќе биде и во петок, кога синоптичарите најавуваат уште потопло време. Максималната температура се очекува да се искачи и до 38 степени. 

И во сабота не очекува топло време, но веќе за во попладневните часови се очекува и нестабилност проследена со дожд и грмежи.



Слично

Поврзани вести