ДЕНЕСКА СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО: Попладне со услови за пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. UV индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Слично
