Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска сонце, нестабилно и ветер: Колку степени ќе изнесува температурата

Денеска сонце, нестабилно и ветер: Колку степени ќе изнесува температурата

За денешниот 20 јуни според управата за хидрометеоролошки работи претпладне ен очекува сонце, со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.

Ув индексот ќе изнесува 7.

Температурите во земјава според синоптичарите ќе се движат од 22 до 33 степени целзиусови. Најтопло и денес на југоистокот од државата.

Метеоролозите велат во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.


Слично

Поврзани вести