Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска седница за укинатата пресуда за Сашо Мијалков

Денеска седница за укинатата пресуда за Сашо Мијалков

Судскиот совет на денешна седница ќе расправа за укинатата пресуда за масовно прислушкување за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во предметот познат како „Таргет-Тврдина“ од страна на Апелација.

Ваквиот потег следува по жестоките реакции во јавноста, а претседателката на Судскиот совет Весна Дамева викендов во писмена изјава до медиумите најави дека денеска во рамки на нејзините овластувања веднаш ќе преземе дејствија.

- Укажувам дека Судскиот совет нема надлежност да преиспитува, односно да оценува судска одлука, но има надлежност да ја констатира состојбата за текот на постапката во смисла на ажурно постапување и дали одлуката била донесена од страна на судија на кој му престанал мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија,изјави Дамева.

Единствено одбраната на Мијалков ја поздрави одлуката на Апелациониот суд во Скопје, додека реакции имаше и од премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски. Критики упатија и поранешниот премиер Зоран Заев и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Слично

Поврзани вести