Денеска се задолживме со 37 милиони евра, утре ќе вратиме 57 милиони евра
Иако денеска министерството за финансии планираше да се задолжи со 36 милиони евра, по две одделни аукции на шестмесечни и годишни записи позајми околу 37 милиони евра.
Како што соопштија денеска, на аукцијата се запишани 2.285 милиони денари или околу 37, 4 милиони евра. Утре, пак, по основ на веќе доспеани записи, државата треба да врати околу 57 милиони евра.
Притоа околу 20 милиони евра ќе бидат вратени во стопанството.
„Со ова министерството за финансии продолжува да го поддржува домашното стопанство преку подобрување на ликвидноста“, стои во соопштението.
Слично
