Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска се сведочеше за разговорите на Вељаноски, Мукоски и Коцевски на 27 април

Денеска се сведочеше за разговорите на Вељаноски, Мукоски и Коцевски на 27 април

По барање на Обвинителството денеска за случајот со организирање на крвавите настани во Собранието на 27 април со сведочење на тројца вештаци кои ги испитувале и анализирале мобилните телефони на обвинетиот Трајко Вељановски, како и Крсто Мукоски, Антонио Кочков, Сашко Коцевски и Елена Доцевска Божиновска.

Во Основниот кривичен суд во Скопје добвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Тројцата сведоци се вработени во одделението за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР кои ги испитувале мобилните телефони по барање на Обвинителството.

Одбраната на обвинетите реагираа дека вработените кои ги анализирале уредите не биле дел од регистарот на вешти лица во министерството за Правда, односно дека немале лиценци, и дека со тоа се фрла сомнеж за точноста на вештачењата.


Слично

Поврзани вести